„DEEP STATE“ изврши изборна измама со поштенските гласови во корист на Џо Бајден?
Дали сме сведоци на најголемиот изборен грабеж во историјата на Америка?
Иако броењето на гласовите во голем број држави не е завршено, досегашните бројки покажуваат рекордна излезеност односно гласања, особено во корист на Демократот Џо Бајден.
Имено, кандидатот на Демократите, Џо Бајден, од досега изброените гласови има освоено, верувале или не, 74 милиони гласови. Оваа бројка на гласови не е конечна и се очекува да се зголеми, но што е тука интересно: Ниту еден кандидат за претседател од редот на Демократите нема освоено ниту приближен број на гласови, колку што моментално има Џо Бајден.
Во 2016 година Хилари Клинтон – 66 милиони гласови
Во 2012 година Барак Обама – 66 милиони гласови
Во 2008 година Барак Обама – 69.5 милиони гласови
Во 2004 година Јон Кери – 59 милиони гласови
Во 2000 година Ал Гор – 51 милиони гласови
Во 1996 година Бил Клинтон – 47 милиони гласови и
Во 1992 година Бил Клинтон – 45 милиони гласови
Според бројот на освоени гласови се добива впечаток дека од сите кандидати на Демократите Џо Бајден има најголем рејтинг или со други зборови е најомилен кај демократите?
Џо Бајден е во залезот на својата кариера, народски кажано пензиониран политичар. Позади себе нема оставено траен белег по кој американците или светот може да го памети. Просечен политичар кој 37 години како Сенатор помина на државна сметка. Беше потпретседател од 2012 до 2016 година целосно во сенка на поранешниот и тогаш омилен кај демократите претседател Барак Обама.
Според бројот на гласови излегува дека Џо Бајден е далеко попопуларен политичар кај Демокраите дури и од Барак Обама и Бил Клинтон. Што се крие позади овие избори?
За прв пат на овие избори има најголем број на поштенски гласови или гласови испратени по пошта. Се поставува прашаање, дали изборниот систем на САД потфрли и колку е голем кредибилитетот на гласовите добиени преку пошта?
Дали се легитимни овие избори допрва треба да следиме бидејќи Доналд Трамп најави тужби, а во едно знаеме дека пресудна улога ќе има Врховниот суд во кој конзервативците доминираат во сооднос 6:3
Извор: Википедија