Билјана Ивановска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, синоќа во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа информираше дека се уште тече рокот за одговор по Одлуката на Атикорупциската комисија за случајот со вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Сепак, според првиот човек на Антикорупциска, времето е премногу кусо да се бара одговорност од вицепремиерот за економски прашања затоа што и самиот најавил дека нема да биде дел од политиката по предвремените парламентарни избори.
– Има Одлука за владиниот функционер Кочо Анѓушев во врска со Одлуката на влада за намалување на царина за увоз на литиумски батерии за акумулатори. Тука премиерот Зоран Заев требаше да поведе постапка за одговорност за Анѓушев, ама Анѓушев најави дека ќе се повлече. Така да важна е нашата порака, а таа е функционерите да избегнуваат судир на интереси и да не го ставаат приватниот пред јавниот интерес, рече Ивановска.
Според неа треба да се следи европска пракса и брзо да се реагира.
-Знаете дека се одговора и за почестен бурек, тоа кај нас е незамисливо, рече Ивановска.