Во тензии продолжи и денешната седница во Собранието, каде што низа закони беа предложени да се донесат со европско знаменце од страна на Владта, меѓу кои и предлог-законот за попис.
Напнатата атмосфера кулминираше кога пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, во своето обраќање од собраниската говорница упати низа квалификации до пратениците од власта.
„Неписмени колеги“, „Многу ги сакате Бугарите“, „Слушај ваму колега, за да научиш нешто“, беше дел од вокабуларот кој го користеше професорката.
По ова опозицијата побара еден час пауза за да може да ги разгледа предлог-законите, а претседателот Талат Џафери истото го одобри.
Опозицијата за предлог законот за попис кој се носи овој пат по скратена постапка тврди дека е оној истиот како по редовна, само со козметички измени.
Извор: faktor.mk