Колку и да нeгиpa, Зоран Заев морал да знае што се случува во неговиот двор, особено по информацијата дека во посед на италијанскиот новинар се и снимки од движењето на ГПС апаратите кои биле поставени во чантата „Луј Витон“, кои според свиркачи кои ги виделе материјалите, ГПС „тракерите“ покажувале дека чантите завршиле токму во владата на Р.Македонија. Во работен ден.
Дека Зоран Заев морал да знае е и фактот што во организацијата на Катица Јанева и Боки 13 учествувале и блиски роднини на високи функционери на владата, но и СДСМ. На пример, во Меѓународниот сојуз основач се јавува Марија Јанковска, сопруга на братот на Божидар Јанковски познат како Бобо Дајнерс. Јанковски пак и е сопруг на Радмила Шекеринска.
Дополнителен coмнеж врз тврдењето на Заев фрла и фактот што неговата потпретседателка Шекеринска редовно присуствувала во кафуле, сопственост на нејзината јатрва. Кафулето се наоѓа во дворот на средното училиште „Георги Димитров“ во скопската населба Карпош, а истата фирма на Марија Јанковска стопанисува и со тениски терени. Неофицијално, Шекеринска во истото тоа кафуле добила и подарок чевли „Кристиан Лобутин“ вредни околу 1.000 евра од Бојан Јовановски, но оваа информација засега не е потврдена од Aнтиkopyпциска од каде пак за „Инфомакс“ најавија дека ќе ги разгледаат информациите.
Можеби главната спрега во pekeтарската шема, Јасна Мандиќ, инаку ко-сопственик на „1ТВ“ и потпретседателка на „Меѓународен Сојуз“ е во одлична врска со Јанева но и пријателска со блиските функционери на Заев. Мандиќ инаку е основач и на компанијата „БМЈ Медија“. Во „БМЈ Медија“ освен Мандиќ вработен е само синот на Катица Јанева, Лазар Јанев и Миле Јовановски – татко на Боки 13. Мандиќ е и сопственичка на хотел во Грција, каде во моментов се наоѓа Катица Јанева. Во овој хотел често претстојувал и Боки13, Сергеј Варошлија, Лила Стојановска, Агапи Дика и низа на други членови на Меѓународен сојуз.
Агапи Дика, сестра на cyдијката Мери Дика Георгиевска е основач на Меѓународен Сојуз (НВО на Бојан Јоваовски),
Дика Георгиевска и нејзината сестра Агапи Дика, вработена во скопскиот cyд се на безброј фотографии со Боки 13 или со неговаѕа мајка.
Агапи претседавала со Собранието на Меѓународниот сојуз, а судијката Дика Георгиевска, покрај на црвениот тепих, каде што носи скапи ташни, се гледа и на слики со мајката на Боки 13, која на предлог на СДСМ беше ставена за член во Комисијата за слободен пристап до информации од јавен карактер, на личен предлог на Александар Кирацоски, како што пишуваа медиумите.Јовановска и Мери Дика се сликани по хотели низ Европа, за што може да видите фотографии, во кои едно ноќевање со појадок чини над 500 евра за лице.
Дика била и редовен гостин во хотелот на Јасна Мандиќ во Грција.
Целата шема, „Инфомакс“ за тоа како се вршел peкeтот, кој и како ги перел парите во текот на утрешниот ден