„Размислувањето низ призма на пари е максима на огромен број од граѓаните, не сум пишувал против владата на ВМРО ДПМНЕ, туку ги критикував општествените промени за време на тоа владеење“, изјави Богдан Илиевски – Бетмен во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.
„Сум ја напаѓал тогаш опозицијата бидејќи опозицијата сериозно тргна, претендираше да ја земе власта во Македонија, по оној момент што јас го ценев во тој момент тоа времето го потврди со намера да го сменат името и идентитетот на земјата. Јас може да не се согласам со 1000 точки, не биле 1000, 100 –на позиции од тогашното владеење на ВМРО ДПМНЕ. За Скопје 2014 сум протестирал, за палмите пишував колумни , за куќата и споменикот на Мајка Тереза бидејќи ја сметам за архитетонска грдосија, за критиките кои сум ги пишувал стојам зад тоа“, истакна Илиевски.
Тој објасни зошто во неговите колумни започнал пожестоко да ја критикува тогашната опозција, сегашната Влада.
„Зошто тргнав многу пожествено на тогашната опозиција, денешна власт затоа што ги намирисав која им е крајната цел. Јас може да се не се согласувам со многу нешта од работењето на ВМРО ДПМНЕ, но ја препознавам како единствена моќна политичка сила која што може да го брани македонскиот идентитет и македонските национални интереси. Името мене ми било на најпрво место, па после имаш 100 празни места, па после се палмите, естетскиот изглед на центарот на Скопје. Она што ме врзало како политичка идеја во одреден момент многу предничело во се останато. Не изнервира таа емотивна манипулација, тие прес конференции за т.н бомби“, вели Илиевски.
Повеќе >> ММС