Во врска со изјавата за Financial Times на грчкиот премиер Алексис Ципрас, во која посочува дека како премиер никогаш не сум сакал да разговарам за изнаоѓање решение за прашањето кое Грција веднаш по независноста го отвори во врска со нашето уставно име, сакам да посочам дека всушност г-дин Ципрас никогаш не предложил такви разговори кои јас сум ги одбил, пишува Никола Груевски кој избега од Македонија и доби политички азил во Унгарија.
Поранешниот лидер на ВМРО ДПМНЕ пишува дека водел „интензивни разговори со г-динот Папандреу со кого имавме 10 лично средби по ова прашање, но за жал заради познатите грчки позиции или црвени линии како што тие ги нарекуваа, не дојдовме до решение, кое подоцна би го предложиле на граѓаните на референдум. Крајот на мојот мандат и почетокот на мандатот на Ципрас се поклопија само една година, а тоа беше од почетокот на 2015 до почетокот на 2016 година“.
„Со г-динот Ципрас се сеќавам на само две меѓусебни комуникации. Првата, кога по неговиот избор за Премиер на Грција, некаде во февруари 2015 имав телефонски разговор на мој повик чија цел беше да му ја честитам функцијата премиер и да воспоставиме првична комуникација и обид за соработка. Во тој разговор, јас нему, а не тој мене, му предложив оној момент кога ќе биде подготвен да се сретнеме и разговараме за наоѓање решение по однос на прашањето заради кое Грција ги блокираше нашите европски и евроатлантски интеграции, посочувајќи дека времето и местото за средба може тој да ги избере. Неговиот одговор беше формално гледано позитивен и рече дека штом ќе биде во можност ќе ме побара за да разговараме за тоа прашање. Никогаш потоа не се јави“-пишува Груевски на Фејсбук коментирајќи го тврдењето на Алексис Ципрас во интервју за „Фајненшел тајмс“ .
Груевски во Фејсбук статусот посочува дека тоа било главно заради две причини.
извор: фактор.мк