Господине Спасовски, ќе си одговарате и ќе си вратите до последен денар сѐ што истрошивте расипнички само за да ја задоволите патолошката желба на вашиот шеф, но и ваша за одмазда кон сите кои не размислуваат како вас, вели Орце Ѓорѓиевски, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.
„Тоа што денеска потврдивте дека како прв човек на МВР сте фрлиле ЧЕТИРИ милиони евра за само една година, пари на граѓаните во ветар, никому не му значи ништо. Вашето признание дека цели ЧЕТИРИ милиони евра, за само една година, се истрошени за исплата на штети по тужби поднесени против вас и МВР, не може да биде ниту олеснителна околност.“ истакна Ѓорѓиевски
Тој додава дека судот и истрагата може да ги интересираат мотивите за овој криминал со кој што го оштетивте буџетот, но приоритет ќе биде да ги вратите парите.
„На обвинителна клупа ќе објасните кој давал налози за да се делат решенија спротивно на закон и кој одобрувал или не одобрувал прекувремени работни часови. Искрено јас сум убеден дека свесно сте работеле спротивно на законот и сте знаеле дека МВР ќе ги загуби споровите, но тоа не ве засегало бидејќи парите за исплата на штетите не се ваши. Верувам дека и соучесниците кои ви помагале во злоупотребата на службената положба ќе потврдат дека вие сте најодговорен за штетата од ЧЕТИРИ милиони евра.“ потенцира Ѓорѓиевски
Ѓорѓиевски нагласи дека правда мора да има во Македонија и таа ќе дојде по 12 Април.
„Верувам дека вашите соработници со кои отворавте бензински пумпи и им доделувавте лиценци за технички прегледи ќе имаат разбирање и ќе ви помогнат да ги надоместите штетите, се вели во Фејсбук статусот на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.“ заклучи членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски