На прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев рече дека минатата година во државава имало убедливо најлош и најкатастрофален наталитет и демографија во историјата на земјата.
Според него во 2018 година родени се 21.333 бебиња. Бројки кои се најлош резултат откако има статистика и демографија во Македонија, наназад 70 години.
Според Ѓорчев, ако се направи споредба со последната година од Владата на ВМРО-ДПМНЕ 2016, со ланската 2018 година бројот на живородени деца се намалил за околу 2000 деца.
„ Тоа е фрапантен пад, рецесија од 7,3 проценти. Внимавајте, кога во економијата би имало рецесија од 7,3 проценти сите ѕвона на тревога би биле вклучени, а ова, ова е доказ, ова е врвен доказ дека во Македонија не дојде живот, дека она што демагошки Заев и превенцијата на СДСМ велеа за живот во Македонија, стана парола за живот во Шведска, за живот во Германија, Канада, секаде во белиот свет“, рече Ѓорчев.
Ѓорчев на денешната прес конференција истакна дека укинувањето на надоместокот за трето дете и другите антисемејните политики кои ги воделе премиерот Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовскасе гледале по бројки, граѓаните се иселувале, бројот на ученици се намалувал, земјава се празнела.