Откако уредникот на Плус Инфо, Бранко Героски започна да пишува текстови за рекетарската мафија составена од медиуми и политичари на власта. Героски добива закани, последната закана е од Борче Гиноски, кој после вчерашната колумна на Героски во приватна порака му се закани со збровите „Бранко малку претеруваш со објавите. Знаеш како те фарбаа со боја. Гледај да не те бањаат во Вардар“.
Заканувачот на Героски е Претседател на месната организација на СДСМ, Борче Гиноски e номиниран како член на избирачки одбор од СДСМ, а тие информации ги поседува ДИК. А постои и видео како Гиноски го обезбедува кордонот вечерта на 27-ми април на Бихачка.
Му кажавме на Геровски дека не е обезбедување во СДСМ. Ќе видиме дали е член, а ако е, ќе превземеме чекори согласно статусот. СДСМ осудува обид, напад на новинари и изразување на слободната мисла. Станува збор за лице кое се претставува како партиско обезбедување, а не е, изјави Костадин Костадинов од СДСМ по утринската средба со Бранко Героски во седиштето на СДСМ.