Над 780 илјади евра месечно се исплаќаат на вработените по Рамковниот договор. Повеќе од 1600 лица земаат плата поголема од 450 евра, седејќи дома, во оваа држава или во странство.
Администрацијата ни е неефикасна и полна со фиктивно вработени. Операцијата за „активирање“ на лицата кои беа вработени по Рамковниот договор и кои со години земаа плата, а не одеа на работа остана само најава.
ГДУ постојано укажува на тоа дека е потребно деполитизирање но и професионализирање на јавната администрација. Го потсетувавме и вицепремиерот Хазби Лика на Законот – „три дена ако не се појавиш на работно место без образложение, автоматски добиваш отказ“. Според правилата во европските држави за исплаќање на лажни плати и за непочитување на закони има одговорност. Но кај нас немаше ниту одговорност, ниту се вложија напори за вистински реформи.
Па сега кога веќе се најавува „метлата“, ние предлагаме да се почне со „метење“ во јавната администрација. Прво да се реши проблемот кој со години се провлекува. За почеток „заметувањето“ да биде во делот со најпривилегираните административци, а потоа метлата да го фати и вицепремиерот Лика, кој исто така не одеше на работа, а и со години се крие од јавноста без да даде одговор дали вака ги следи европските правила.
Реформите во администрацијата се неминовни, не заради ЕУ, пред се заради самите нас, а потоа за Брисел . Патот води од зајакнување на капацитетот на институциите па до персонално подигнување на стандардите на административците.
Премиере Заев, дел од администрацијата сѐ уште пие кафенце нога преку нога, што би рекле вие „хахаха-хихихи и ајде по кафичите“. Камшикот што го спомнавте не го видовме, ајде да ја видиме метлата, ако сакаме да ја видиме Европа.
https://youtu.be/d-cDplesRSk