Почитувани,
На 22 март, апелиравме преку соопштение да се затворат конфекциите и другите производствени капацитети каде е невозможно да се реорганизира процесот на производство и да се почитуваат мерките за безбедност и работниците да се пуштат на 30 дневен колективен одмор.
На 2 април повторно апелиравме за колективен одмор на работниците во конфекциите но нашите апели не беа прифатени. Сето ова беше со цел да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19, имајќи во предвид дека во производствените хали работат многу луѓе без да имаат безбедна дистанца еден помеѓу друг и исто така соодветна опрема за заштита. Тука секако доаѓа и фактот дека истите тие луѓе користат заеднички транспорт а тоа може да предизвика дополнителна опасност од ширење на вирусот.
Денес, поради непреземањето на ваков заштитен чекор, вирусот се прошири помеѓу работниците во конфекциите. Секој ден имаме барем по двајца новозаболени. И по трет пат апелираме за преземање на сериозно ригорозни заштитни мерки што е можно побрзо, бидејќи доколку не се преземе ништо и работниците продолжат да одат со истото темпо на работа, конфекциите ќе станат новото огромно жариште за пренос на вирусот.
Иако полицискиот час од вчера е исклучен сакаме да напоменеме дека оваа мерка немаше ефект кај овие луѓе, бидејќи истите тие беа приморани да одат на работа во конфекциите и пред полициски час и за време на полициски час со работни дозволи. Бројката на луѓе позитивни на вирусот се повеќе се зголемува. Мора да се преземат итни чекори за да се заштитат конфекционерите а со тоа и нивните семејства и сите останати.