Новинарот и политички аналитичар Ларис Гајсер, кој учествуваше на Бледскиот економски форум, каде што учествуваше и министерот за надворешни работи Никола Димитров, во текстот објавен во „Ла верита“ ги пренесува импресиите од форумот.
Откритијата за постоечката корупција во македонскиот политички и судски систем обзнанети од страна на Ла Верита минатиот месец, беа константен дел и од неформалните дискусии, а исто така и од јавните. За време на последната сесија, модераторот на тркалезната маса посветена на Балканот го праша МНР на Македонија – Никола Димитров, дали неговата земја е подготвена да се бори против корупцијата, и онаа којашто ја објавивме, за случајот Рекет, за да стане полноправна членка на ЕУ. Гарантирајќи дека сите одговорни ќе бидат казнети и дека ексобвинителката Катица Јанева веќе се наоѓа во притвор, додаде и дека прв што побарал да се отвори истрага за работите околу изнудувањето од Боки 13, бил премиерот Заев, многу време пред скандалот да биде објавен во Ла Верита. Димитров, носејќи се формално-коректно, не успеа да објасни од кои причини сè до нашата интервенција, ниту еден надлежен орган, иако ги поседувал истите доказни материјали, не ги презел потребните мерки и ги оставил наводните виновници да бидат на слобода. Таа иста слобода којашто беше веднаш беше одземена, следствено на нашите објавувања, пишува Гајсер во текстот објавен во „Ла верита“.