Статус на Фросина Ременски:
Во „затишјето пред бурата“ – Јавното обелоденување на сите со име и презиме во најорганизираното прикривање на организиран криминал во историјата на “нашиот” правосуден систем, сакам да додадам еден мал но, многу важен ФАКТ кој уште повеќе ќе го зголемува плачот на началникот на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика д-р Марјан Стоилковски, началничката Катерина Јовановска и младите инспектори кои “се побуниле дека сакаат да работат по закон.
Реформаторите кои што добиле задача (нерадо ја прифатиле сите) имаат сериозен проблем со постоечкиот опис и попис на работните задачи, права и обврски на вработените во Секторот.
Заклучиле дека, постоечкиот и важечки опис на работата заведен во многу строг документ НЕ СООДВЕТСТВУВА со нивното актуелно работење и тоа е голем ПРОБЛЕМ.
Кога ги пишувале ПРАВИЛАТА и СТАНДАРДИТЕ за законито и професионално работење, прво немале сите инфорации дека ќе работат на опрема која е ПРЕДМЕТ ОД КРИВИЧНО ДЕЛО.
Второ и најважно запишале дека „вршат вештачења“, изготвуваат „вешт наод и мислење“, соработуваат преку меѓународна полициска соработка за обезбедување електронски докази од домашни и странски интернет провајдери, почитуваат стандарди, процедури, закони и човекови права итн.
Од сето ова, СЕГА заклучиле и дигнале узбуна дека, НЕ СЕ ВЕШТАЦИ, НЕ ВРШАТ ВЕШТАЧЕЊЕ, НЕ ИЗГОТВУВААТ ВЕШТ НАОД И МИСЛЕЊЕ и НЕ ГИ ПОЧИТУВААТ правилата и стандардите кои Началникот им ги напишал на обвинителите, како и дека работат на сомнителна опрема набавена со криминална активност на нивната шефица Катерина која на Суд се изјасни дека не врши контрола на законитоста на напишаното во ИЗВЕШТАИТЕ, во постапка што не одговара на нивниот опис на работни задачи, а тоа е ПРИМАРНА ОБВРСКА
Е сега …, проблемот им е како овие (не)вешти лица кои не изготвуваат вешти наоди и мислења, примале наредби за вештачења од јавни обвинители и како пак тие јавни обвинители ДОЛЖНИ да работат по Законот за кривична постапка СВЕСНО на Судот во разни обвиненија против луѓе му нудат „ДОКАЗИ и ВЕШТАЧЕЊА“ прибавен/извршени на незаконски начин.
За да ја разберете сериозноста на оваа „ОРГАНИЗИРАНА СТРУЧНОСТ“, сликовито ќе ви предочам како тоа би изледало тоа ако се аплицира на пример во здравството. Тоа би изгледало вака:
„Доктор упатува пациент со дијагноза и упат на операција. Оди на клиника и наидува на хирурзи кои уште не се хирурзи ама знаат да оперираат и работат со инструментарки и инструменти кои не се по задолжителните хируршки протоколи. Го оперираат пациентот, ама тој и некој друг дознава дека операцијата не била операција по протокол, а хирурзите не биле хирурзи. По овие сознанија пациентот останува да се крсти што останал жив, да мисли дали навистина е опериран и дали ќе добие инфекција. Но, најтешко му паѓа помислата каква ли би била маката на неговото семејство да докаже дека тој починал на операционен стол под скалперот на тие што не се хирурзи, а вршеле операција и не почитувале хируршките протоколи“
ОПЕРАЦИЈА УСПЕШНА, ПАЦИЕНТ МРТАВ
Fucking јавен интерес и борба против криминал.