“Биометриската документација, односно биометриските подароци на граѓаните, имаат највисоко ниво на заштита во сите земји на ЕУ и во светски рамки. Сега имаме афера – систем во кој функционирал антисистем, и ние тоа го третираме како дека е џебна кражба и даваме да го работи Скопското јавно обвинителство“, оценува Раменски во интервјуото.
Таа смета дека истрагата треба веднаш да се врати во Обвинителството за гонење на организиран криминал, а Агенцијата за национална безбедност и Дирекцијата за заштита на лични податоци сериозно да се вклучат и да го третираат скандалот на ниво на заштита на територијален интегритет.
Таа потсетува на изјавата на американската амбасадорка Кејт Брнс, која по средбата со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски побарала “да се заштити интегритетот на системот за заштита на податоците за граѓаните, којашто на светски рамки е најзаштитена критична инфраструктура”.
Според неа, истрагата не смее да остане на ниво на административно лоцирање на одговорност на фотографот или контролорот што земал отисоци на прст, туку треба да се види која е одговорноста на Отсекот за персонализација за личните документи.
„Дали е фотографиран Седат Пекер, или е Џадан на сликата. Дали ја имаме на базата на податоци фотографијата на Седат. Дали Седат оставил отисок од прст или е отисокот на Џедан. Тоа се клучните прашања што ги разрешува отсекот за персонализација што се ноаѓа во секторот за информатика и комуникација во рамките на МВР, еден од најодговорните сектори на оваа постака за давање на биометриска документација“, открива професорката Ременски.
https://www.youtube.com/watch?v=vyMAkavP-9o