Специјалната обвинителка, Фатиме Фетаи е сигурна за расветлување на случајот „Монструм“. Таа во вечерашното гостување на 1ТВ, изјави дека за овој случај чувствува одговорност и без расветлување на истиот нема да оди никаде.
Фетаи зборуваше и за разговорите власт – опозиција, за постигнување на договор за Законот за Јавното обвинителство. Таа е незадоволна од лицата кои ги водат овие преговори, бидејќи, како што рече, некои од нив се осомничени за кривични дела.
Мандатот за завршување на случаите на СЈО завршува во септември, а доколку тој не се продолжи, Фетаи рече дека ќе настане хаос со отворените предмети. Меѓутоа, таа додаде дека во нашата земја е традиција договорите да се постигнат во последниот момент, затоа таа изјави дека ќе се постигне договор за Законот за Јавно Обвинителство, како што рече,5 до 12.
https://youtu.be/nH3d-cJ0AhU