„Човекот не го гласаат во неговото маало, комшиите не гласаат за него. Губи на своето избирачко место…“ вели Васко Ефтов за лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, во својата најнова политичка анализа.
„Се плашеше да биде носител на листа во некоја изборна единица бидејќи се плашеше од пораз. Знаеше дека народот ќе го казни, а психолошки нема да може да издржи да биде по 5. или 6.пат поразен од Зоран Заев.“ – констатира Ефтов.
„Да им даваш на гласачите по 1.000 евра нема да гласаат за тебе бидејќи го гледаат тоа што ти нема да го видиш кај себе. Многу страв и малку лидерска харизма – комбинација која води само кон изборни порази. “ – му порача Ефтов на Мицкоски.
„Станува збор човек, односно, за лидер со ограничени политички, интелектуални, и што е најбитно, со ограничени психолошки капацитети.“ – констатира Ефтов.
„Сега ќе го остават како гирица да се припелка на тивка скара. Ќе шета сам по Водно, ќе го трошат, со бодигардови ќе ја чува Белата палата. Кој ужасен и недостоинствен крај на една лидерска кариера на чело на ВМРО-ДПМНЕ“ – заклучува Ефтов.