Поранешниот јавен обвинител од Основно Јавно Обвинителство Велес, кој беше дел од обвинетите во предметот „Ликвидација“, воден од страна на сегашниот Специјален Јавен Обвинител Лиле Стефанова, на својот Фејсбук профил јавно праша:
„Зошто Лила Стефанова ако Чифлиганец се интересирал за предметот не повела постапка противн него, Панделевски и Камчев?“ НЕЛИ ЗАКОНИТЕ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ЗА СИТЕ ЕДНАКВО
Статус на Ивица Ефремов:
Во врска со изјавата на Лиле Стефанова околу влијанието на Панделевски Камчев и Чифлиганец врз нејзе за предметот империја би го кажал следново:
Истата таа Лиле Стефанова во 2013 година во предметот ликвидација водеше постапка за кривично дело противзаконито посредување, против пензионираниот судија на врховен суд Борче Николовски и поранешниот адвокат Сашко Лазаров, затоа што пензионираниот судија побарал од Сашко Лазаров да го праша обвинителот Ивица Ефремов до каде е постапката за еден предмет. Епилогот е следен:
И двајцата завршија во притвор многу месеци и беа осудени. Зошто Лила Стефанова ако Чифлиганец се интересирал за предметот не повела постапка против него, Панделевски и Камчев?
НЕЛИ ЗАКОНИТЕ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ЗА СИТЕ ЕДНАКВО?