Единствена Македонија и целото искрено членство на ВМРО-ДПМНЕ се силно изненадени од раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кои не се спротиставија и не ја осудија т.н. парада на гордоста која има за цел рушење на традиционалните семејни вредности.
Членството на ВМРО-ДПМНЕ наивно верувало дека Мицкоски ја дели спремноста да се оди до крај во поткрепа на традицијата, бракот и семејството оти е лидер на ВМРО-ДПМНЕ како демохристијанска партија и партија со силна верба во Бог.
Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ застанаа во одбрана и промоција на либералните западни вредности како што се дрога, хомосексуализам, проституција… Членовите на ВМРО-ДПМНЕ имаат обрска тоа да не им го дозволат и да работат Мицкоски да се врати на нормалното и прифатливото.
За Единствена Македонија нема дилема. Заедно со македонскиот народ и државјаните на Република Македонија остануваме на првата линија во борбата да ја засведочиме вистината за животодавното разбирање за тоа што е брак, семејство, род, пол, вера, благослов, смисла, сопруг, сопруга, деца, внуци, баба, дедо, радост, живот.
Извор: edinstvenamakedonija.mk