Бурно започна седницата во македонското собрание каде е поставен предлогот за нова влада за кој треба да се гласа. Покрај острите критики и зборови кон упатени кон спикерот Џафери, тој исто толку реагираше и на критиките на Јанушев и Силјановска Давкова, но и кон останатите пратеници кои гу упатуваа знаци на негодување.
По излагањето на Јанушев, Џафери се обиде да го воспостави редот, но во собраниската сала кга сите пратеници зборуваа во исто време.
– Како треба да реагирам? Да ве тепам овде? Па, не можам да ве тепам. А кога ве прозивам за обраќање, а вас ве нема, што да правам? Редот е тој. – им свика Џафери на пратениците.
– Не сум јас вреќа, па сите да удирате по мене! – бурно реагираше Џафери.
Потоа Џафери реагираше на критиката на Гордана Силјановска Давкова кога го прекори зошто пратениците доцнеле.
– Никогаш не сте дошле на време. Доцневте речиси еден час, а вие треба да стигнате прв и да не соберете околу себе, рече Силјановска.
– Почитувана пратеничке, јас сум тука од 15 до 9 часот. Пратениците доцнеа. Јас не сум го пишал Уставот. Во рок од 15 дена треба да се свика седницата, возврати Џафери.