Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, денеска соопшти дека покрај тројцата дебарчани кои починаа од Коронавирус, денеска неофицијално се дознава дека уште едно лице почина од овој вирус, така што бројот на починатите се искажи на 4. Информацијата ја потврдија и членови на семејството на починатиот дебарчанец кој бил позитивен на тестот за Коронавирус. Бројот на болните од Коронавирус во Дебар е 47, рече Дука.
На средбата со новинарите градоначалникот на Дебар информираше дека момантално 198 лица во Дебар се во изолација, но утре е најавено 6о од нив да бидат ослободени од домашната изолација бидејќи изминаа две недели од изолацијата.
Општинскиот штаб информираше дека со хуманитарнирте здруженија е договорено да има само еден единситвен список за распределба на хуманитарната помош, се со цел да нема злоупотреби. На средбата на која присуствувале и претставници на меѓуопштинскиот центар за социјални работи, во списокот се внесени приоритетните семејства кои се во социјален ризик. Безбедносната состојба е оценета како задоволителна. На границата со Албанија не се забележани илегални минувања ниту пак проблеми, бидејќи истата ја контролира армијата на нашава држава .