Џејмс Апатураи, заменик помошник на генералниот секретар на НАТО за политички прашања, вели дека во почетокот на декември, кога ќе се одржи лидерскиот состанок на НАТО во Лондон, на сите ќе им биде јасно дека Северна Македонија е на самиот праг, а нивните очекувања се дека рано напролет земјата ќе биде и членка на Алијансата.
Во интервју за Радио Слободна Европа, Апатураи истакнува дека дека единствената техничка пречка се изборите и формирањето нова влада во Шпанија, која треба да го ратификува Протоколот, но дека и тоа ќе се случи.
-Чекаме комплетирање на пристапните процедури во сите главни градови на НАТО-земјите за да ни се придружи и Северна Македонија, што сигурно ќе се случи. Единствениот комплицирачки фактор е одложувањето од шпанската влада, бидејќи имаа неколку избори и едноставно има технички услов да изберат влада, за да се направат следните чекори. Тоа ќе биде направено и ние очекуваме рано напролет Северна Македонија да ѝ се придружи на Алијансата, вели Апатураи.
На прашањето од дописничката на РСЕ од Брисел, дали откако ЕУ не ѝ даде на Македонија датум за почеток на преговорите, НАТО ќе го забрза приемот на Скопје за да се санира штетата направена со затворањето на европската врата, Апатураи вели дека како и за сечие зачленување во Алијансата, така и за Македонија, постои распоред кој е навремен и нема потреба од забрзување.
-Навреме сме и ќе бидеме навремени, и се надевам дека на лидерската средба во Лондон, на почетокот на декември, секому ќе му биде очигледно дека Северна Македонија е на прагот да се придружи, вели Апатураи.
https://www.slobodnaevropa.mk/a/%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0%D0%B8-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D1%87%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%BE-%D0%B5-%D0%BE%D1%87%D0%B8%D0%B3%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%BE-%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%BE/30278413.html?utm_medium=affiliate&utm_campaign=RFE-player30278413&utm_source=novatv.mk%2Fapaturai-makedonija-rano-naprolet-vo-nato-se-cheka-ratifikatsijata-na-shpanija%2F&utm_content=player