Деновиве правиме сè за ние и нашите соседи, нашето пријателство и заедничката европска иднина да излеземе од овие предизвици како победници, силни идни партнери и добри комшии, изјави за МИА вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, коментирајќи ги последните случувања на релација Скопје-Софија, но и последната изјава на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов.
-Господинот Каракачанов има обврска и право да ги застапува бугарските позиции, како што ние имаме обврска и право да ги застапуваме македонските позиции.
Ама и ние и тие имаме и обврска да се грижиме за пријателството.
Сакам уште еднаш да потенцирам дека има некои работи за кои можеме да разговараме, и некои работи за кои нема дискусија, нагласи Димитров.
Повеќе >> Слободен Печат