Министерството за надворешни работи (МНР) треба да ги штити македонските национални интереси каде едно време јас работев, а сега гледаме дека неколку дена се скриени и немаат одговор за главните прашања за Македонецот, немаат договор за македонскиот идентитет, за македонската историја токму така како што кажавте изгледа кичмата ја наведнаа, рече денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на протестот пред МНР организиран од таа партија под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“.
Протестот продолжи пред Владата, од каде пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ Гордана Силјановска Давкова порача дека граѓаните денес излегле на протест бидејќи на земјава, како што рече, и се заканува смртоносен вирус.
– Граѓаните денес излегоа на протест бидејќи сега во моментов се заканува смртоносен вирус на Република Македонија. Вирус кој се заканува дека ќе го загрози идентитетот, јазикот и историјата на Република Македонија. Тој вирус се нарекува Зоран Заев, рече Силјановска Давкова, додавајќи дека е срамота тоа што го говори владата и Заев.
Повеќе >> fokus.mk