Д-р Даниловски во интервју за 24 ТВ запрашан за причините за високата смртност кај домашното население во однос на останатите земји даде свое мислење:
Тој смета дека причините за висока смртност се должи на високиот процент на коморбидитети кои според некои статистика Македонија е рангирани на врвот од листата на населенија со најголем број коморбидитети.
Под коморбидитетит се подразбираат причини кои придонесуваат пациентот кој ќе заболи од вирусот Ковид-19 потешко да се справи со болеста. Таков тип на коморбидитети се сметаат дијабет, високиот крвен притисок, проблеми со срцето и дебелината. Има и други видови, но ги одвојуваме позначајните.
Македонското население во огромен процент страда од дијабет кој се смета за еден од најсериозните коморбидитети кои се најлоша комбинација со коронавирусот.
Според некои статистики огрромен дел од населението има по некој од овие коморбидитети и тоа е една од причините зошто има голема смртност кај тие што се заразиле од вирусот Ковид-19.
Друга важна причина што исто така мора да се земе предвид е доцната фаза на болнички третман која се укажува кај заболениот. Имено, пациенттие заболени од Ковид-19 во многу доцна фаза се јавуваат во болница и на тој начин сами си ги намалуваат шансите побрзо и полесно да го победат вирусот.