Претседателот на Националното собрание, Ивица Дачиќ, оцени дека премиерот на Македонија, Зоран Заев, не е политички игнорамус и дека знае дека неговите неодамнешни изјави за Бугарија не се точни, но дека му треба согласност на Софија за да започне преговори за членство во ЕУ.
Во емисијата Хит Твит на ТВ Пинк, Дачиќ рече дека второто прашање е до каде ќе отиде Заев во тие убедувања за влез во ЕУ.
Дачиќ реагираше на изјавата на Заев дека Југославија е виновна за одвојувањето на Македонија од Бугарија и дека во таа земја имало бугарска администрација за време на Втората светска војна.
“Не ја прогласувајте бугарската окупација за администрација. Бугарите беа на страната на нацистичката Германија на Хитлер и ние од југот знаеме колку беа тешки бугарските злосторства. Тие плукаат по нивната антифашистичка борба. Еве Југославија веќе ја нема , што чекавте до сега ако сте желни за прегратка немаше да ја чекате 2020 година “, рече Дачиќ.
Дачиќ додаде дека не би сакал никој да помисли дека жали за Југославија.
Извор: Во Центар