Бујар Османи, новиот министер за надворешни работи, е среќен што е прв Албанец кој дошол на таа позиција. За него тоа е кршење стереотипи, но и дополнителна одговорност да ја оправда довербата.
„Денес постигнуваме уште еден дел од нашата нова приказна! Од овој момент, со оваа заклетва, ја преземам функцијата министер за надворешни работи на Република Северна Македонија, како прв Албанец што дојде на оваа позиција. Секако дека е голем успех со кој кршиме цврсти стереотипи, но и дополнителна одговорност за мене да ја оправдам оваа доверба, работејќи чесно и посветено на нашите заеднички интереси: членство во Европската Унија, продлабочување на односите со нашите стратешки партнери САД и други НАТО сојузници, одгледување на добрососедски односи и достоинствено претставување на Република Северна Македонија во светот.
Нека ни е среќа!“, напиша по гласањето на новата Влада Бујар Османи на својот фејсбук профил.