Пред неколку недели, новинарот Васко Ефтов во својата емисија Во Центар пушти шпекулација дека екс лидерот на СДСМ и екс премиер и претседател на државата, Бранко Црвенковски ќе работел против СДСМ и Зоран Заев и актуелното раководство на партијата.
Објаснувањето беше дека наводно крилото на Бранко во СДСМ не било задоволно од последните потези на Заев и од состојбата во државата и затоа активно ќе работело да му се наштети на СДСМ и да му се помогне на ВМРО ДПМНЕ на овие избори за да дојде до преврат во СДСМ.
Мактел ги провери овие информации во кабинетот на претседателот, и еден од неговите најблиски луѓе и актуелен висок функционер во државата, кој важи за исклучително близок на Црвенковски ни кажа дека екс лидерот на СДСМ на овие избори нема да работи против СДСМ, туку ќе дава вербална и морална поддршка на актуелната власт за да дојде до очекуваниот успех на изборите.
Она што е точно сепак, ни вели нашиот извор, е дека одредена мала група на екс високи функционери на СДСМ ќе работат против партијата со критички изјави во јавноста, но за тоа тие ја немале поддршката на Црвенковски, тоа го работеле на своја рака. Се работи за мала група на лузери кои испаднаа од игра во последните реконструкции на Бихачка па од гнев и одмазда и се одмаздуваат на својата партија и помагаат да се врати режимот, што покажува од каков материјал се направени овие луѓе и добро било што се сменети.
Инаку нашиот извор ни вели дека Црвенковски пензионерските денови ги поминувал во гледање телевизија, читајќи весници и книги. Интересно е што нашиот извор ни вели дека Црвенковски иако е електро – инженер по едукација и тоа отсек компјутери, сепак немал голема љубов кон новите електронски медиуми, дури не користел ниту имејл ниту други современи уреди, туку се базирал на старите технологии, телефон, телевизор, факс, пишана коресподенција со писма напишани на хартија. Тешко се снаоѓал со социјални мрежи па немал ниту профил на фејсбук или твитер и комплетно не бил заинтересиран за тие нови начини на комуникација.