НЕМА АМНЕСТИЈА ЗА 27 АПРИЛ…
Роднини на неправосилно осудените за упадорво Собрание на 27 Април 2017 до денес очекувале Ѓорге Иванов да потпише амнестија за нивните блиски, бидејќи е последен ден за кој тие сметаат дека има законска можност тоа да го направи. Сватиле дека нема ништо од амнестијата па го посетиле. Добиле негативен одговор т.е одбивање да ги амнестира од казна осудените, ама биле непријатно изненадени и фрапирани од неговите објаснувања. Од Иванов го слушнале следново. Изворите сакаа да останат анонимни, цитирам што слушнале од Иванов и што му пренесуваат после излегување од неговиот кабинет:
- Нема амнестија за осудените политички службеници и останатите
- Нема амнестија од причина што сите ќе мислат дека сум соучесник во настаните, судбината на полициските службеници и другите кои беа тој ден во Собрание не се интерес на државата. Законот за селективна амнестија предложен пред уставните измени го потпишав затоа што бев приморан на тоа и ми беше предочено дека тоа е интерес на државата. Па половината беа амнестирани, иако некои од нив мораа и кривично да одговараат.