Ако ДУИ не застанеше зад Зоран Заев и СДСМ на последните парлементарни избори факт е дека Заев немаше да биде премиер. Нема тука никаква дилема. Бројките беа такви. Победи Груевски. По се што “бомбите отркија за Груевски” тоа е болна вистина иако за неа има многу објаснувања. Од поткуп и уцена на гласачи до сторго контролирана медиуска пропагадна машинерија која во тие времиња беше управувана од Белата палата.
Но еве да речеме дека се било во ред и дека Груесвки освоил 51 а Заев 49 пратеници. Што ќе се случеше ако ДУИ држеше до својот принцип “победник со победник” и останеше со Груевски?
ДУИ е партија која од самото свое основање има една единствена мантра а тоа интеграција на Македонија или етничките Албанци во Македонија во евроатлатските структури. Не случајно на секоја партиска сценографија очи бијат знамињата на ЕУ и САД. Не случајно единствени кои се постојано присутни во јавноста се неколкумина од ДУИ чија едниствена агенда се средби со амбасадори на земјите членки на НАТО и ЕУ.
Али Ахмети самиот си ја дефинираше својата политичка мисија единствено во насока на евроатланските интеграции. Затоа никогаш јавноста не видела гласен претставик на ДУИ да учествува во било каква јавна дебата или полемика кога се прашање реформи во здравството, економијата, социјалната политика или било што друго што значи подобар и поквалитетен живот за граѓаните.
Денска на Бујар Османи му се придружи и Изет Меџити со тезата дека ДУИ е таа која го направила Заев премиер.
Целата колумна на Јовановски може да ја прочитате тука >> Нова