Статус на Борјан Јовановски:
Се залагам за легализација на марихуаната во контекст на човековите права и правото луѓето да ги користат плодовите на природата во нивната органска форма како и во контектот на потецијалот на оваа билка за социо економски развој.
Се разбира мојата заложба го има во предвид искуството на напредните демократии кои имаа позитивнви искуства применувајќи различните модели на леглизација.
Овие искуства јасно укажуваат на позитивните ефекти кои овие полтики го имаат во правец на сузбивање на црниот пазар како и во исклучително големите економски бенефити кои на различен начин продонесуваат за збогатување на буџетот.
Легелизацијата, исто така треба да се знаее , не е безопасна доколку не биде поставен систем кои ќе ги превенира сите можни негативни последици.
Како индивидулец немам доволно познавање за да истапам со конкретен предлог која форма на легализација би била најпогодна за Македонија.
Но она во што сум уверен е дека по сите искуства на западните демократии ова е тема која заслужува сериозна дебата и уште посериозен ангажман на граѓанските организации кој ќе не доведе до решенија во корист на што повеќе нивоа во општеството