„Ширењето на лажни вести и дезинформации би требало да е карактеристика на спротивниот, а не „нашиот“ табор. Со ова, ние само придонесуваме кон општиот напад и деструкција на демократскиот дискурс и како држава, тоа ќе не’ чини многу скапо“, сподели поранешниот пратеник на СДСМ, Павле Богоевски.
Бидејќи „го лапнав кромидот“, морам да направам три работи кои воопшто не ми се по мерак:
1. Морав да го изгледам целото интервју на Героски, нешто од што првично сакав да се лишам. Во тој настап, Героски кажува многу работи кои може и треба да се критикуваат, но примањето смс порака додека СМ е во бегство не е една од нив.
2. Морам да напишам зборови кои мислев дека никогаш нема да треба да ги напишам, односно дека МУ СЕ ИЗВИНУВАМ БА БРАНКО ГЕРОСКИ за моето учество во ширењето на оваа дезинформација. До овој момент, Героски нема побарано да му се извинам, ниту ми се заканил дека ќе ме тужи – но тоа е чесната работа која треба да се направи во ваква ситуација.
3. Треба да ви се извинам вам за моето учество во ширењето на оваа лажна вест“, истакна Богоевски.
Богоевски вчера сподели дека додека екс директорот на УБК, Сашо Мијалков бил во бегство, му пратил смс порака на новинарот.
Тој постави прашање дали Героски ја пријавил пораката и комуникацијата со лице кое тогаш било недостапно за органите на прогонот во надлежните институции.
„Вештачењето на пораката може да укаже на локацијата од која е пратена. Дали евентуалното непријавување на таквата комуникација може и треба да се смета за помагање??? Е, Геро, Геро…“, напиша вчера Богоевски.
Извор: lokalno.mk