Што кажале градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев и битолската градоначалничката Наташа Петровска во Јавното обвинителството за случајот „Рекет“ во кој осомничени се Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец засега не е познато.
Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција информираат дека ги повикале Богоев и Петровска да дадат исказ бидејќи се смета дека можат да помогнат во натамошното утврдување на факти во предметот, но не откриваат детали околу содржната на нивните изјави.. Канал 5 се обиде да стапи во контакт со градоначалниците, но двајцата не одговорија на нашите повици.
Прв за обидите на Боки 13 да ги рекетира градоначалниците во еден од текстовите пишуваше новинарот Бранко Геровски, а премиерот Заев од собраниска говорница објави дека ја препознал токму за битолската градоначалничка Наташа Петровска и во детали објасни како одел обидот да се изнудат услуги од нејзе.
Од Обвинителствотото велат дека вештачењата на прибраниот обемен материјал од извршените претреси е во тек, а се врши вештачење и на содржината на пронајдениот и одземен втор мобилен телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева.Премиерот Заев денеска рече дека очекува во целост да се истражи случајот
Инаку, досега не е појаснето во кое својство Јанева се појавува во истрагата за овој предмет. Воедно таа досега се уште нема поднесено оставка до Советот на јавните обвинители. Јанева единствено јавно најави дека дава оставка, но и дека ќе ја извршува функцијата во обвинителството се додека не заврши нејзиниот мандат во септември.
Извор: www.kanal5.com.mk