Лидерот на Македонското движење за човекови права (ММДЧП) Бил Николов ги прашува таканаречените домашни и странски стручњаци зошто го поддржуваат културниот геноцид на македонскиот народ.
Николов им се обраќа на тие што јавно или со премолчување го промовираат или поддржуваат договорот од Нивици.
„Би сакал таканаречените „експерти“ кои го поддржуваат анти-#македонскиот Преспански договор за кршење на човековите права да го прочитаат овој мој коментар. Потоа кажете ми како можете да поддржувате културолошки геноцид врз мојот народ”, пишува Николов на својот Твитер профил користејќи го хаштагот #Македонија и приложувајќи ја неговата предходно објавена анализа на страната на ММДЧП.
Поводот за реакцијата на Николов се ставовите на британскиот политолог Џејмс Кер Линдзи кој упорно го промовира Преспанскиот договор како добар.
Причината за реакцијата е некритичкото однесување на голем дел од западните познавачи на Балканот кои под влијание на политиката ги занемаруваат штетните последици на договорот со Грција за Македонците и македонската нација.
#Macedonian media pickup of me calling out @JamesKerLindsay for his obsession with wiping out #Macedonia's name, identity & history. James, will u read one of my op-eds then explain yourself? #Macedonians are wondering WHY you're treating us as sub-human.https://t.co/F2zeZxMLYN
— Bill Nicholov (@BillNicholov) October 25, 2019