Реакција на Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев по повод повторниот реизбор на Талат Џафери за Претседател на Собранието на Република Македонија.
Во едно од интервјуата во емисијата “Во Центар”, Јанко Бачев со свој став зошто Талат Џафери не смее да биде Претседател на Собранието на Република Македонија.
“Според мое мислење, Талат Џафери во никој случај не смее да биде Претседател на Собранието, бидејќи тој е вмешан во масакарот кај Вејце, во април месец 2001 година. Тука јас спомнав постојат оперативни документи во ДБК при МВР од кои се гледа неговата замешаност. Од тука, човек кој бил замешан во убиството на Македонсите бранители кај Вејце, еден од најбруталните масакри, сметам дека не смее да биде Претседател на Собранието.” – изјави Бачев.