На барање на пратеникот на Р.С.Македонија Александар Кирацовски од СДСМ, преку неговиот Адвокат Трајче Арсов од Велес, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на својот фејсбук профил го објави демантот и извинувањето во кој има наведено:
„На 06.09.2019 година во присуство на медиумите Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ одржа прес конференција на тема позната во јавноста под псевдонимот „Рекет“, во кој на сметка на пратеникот на Собрание на Р.С.Македонија, Александар Кирацовски, беа паушално изнесени низа невистини односно клевети со јавно префрлање дека сторил кривично дело.
Секоја почит кон слободата на изразување на политичката партија и јавно искажување критика кон однесувањето на јавните функционери, макар користат и остра реторика, но јавно префрлање дека сторил кривично дело без притоа да имате пресуда е директен напад на честа и угледот за било која личност, што е неприфатливо за едно демократско општество кон кое тежнееме
Поради горенаведеното, во смисла на член 13 и 14 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета ги демантираме сите ваши тврдења како невистинити и некоректни и бараме ЈАВНО ДА СЕ ИЗВИНИТЕ.
Демант и барање извинување е испратено и на официјлната е-маил адреса на ВМРО-ДПМНЕ [email protected] и бараме во рок од 48 часа од приемот на ова барање да се извините на ист начин како што дадовте изјавата.“
Арсовски го објави барањето на Кирацовски и го повика да го тужи и да покаже, а јавноста да види дека се заканува и сака да цензурира.
„Прво и основно што Кирацовски не го знае за мене е дека не се плашам од никого, а најмалку од него за да поставам јавно прашања во интерес на вистината и граѓаните и најмалку фамозниот Кирац ќе ме заплаши
Второ, во длабок очај на еден давеник во сомнеж за криминал до гуша се препознава закани за тужби и тука на дело се гледа задушување на слободата на говор во Република Македонија Сепак личи тоа на СДСМ
Трето, ајде Кирацовски биди мажиште – не мажуле, свесно чекав да изминат 48 часа, ве чекам да тужите заедно со адвокатов твој, подготвен сум да ги соочиме аргументите на Суд, иако е под ваша контрола.
Да знаеш дека ќе ти ги поставам истите прашања од пресот и повторно ќе ја констатирам твојата блискост со Боки 13, документирана преку слики.
Повели тужи, ама ако не тужиш, на јавноста уште еднаш ќе и потврдиш дека само сакаш да се закануваш и да цензурираш и дека си заглавен до гуша и сé ова го правиш во очај.
Јас сум подготвен и ја чекам тужбата уште денес. Вистината е на моја страна!“