Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски остана без нотарската лиценца, откако Министерството за правда, поради неговата пратеничка функција му ја одзема дозволата за работата, односно е разрешен од нотарската служба.
Милошоски решението за нотар го добил уште во 2016 година, но по неговиот избор за пратеник во Собранието на предвремените парламентарни избори истата година во декември, до Министерството за правда веднаш поднел барање за ставање во мирување на службата додека ја извршува функцијата пратеник.
Тогашното раководство на Министерството за правда експресно го прифатила ваквото барање и Милошоски, по што само неколку денови откако ја добил лиценцата за нотар истата ја стави во мирување.
На овогодишните парламентарни избори тој повторно е избран за пратеник, со што стариот мандат за народен избраник му истече, а верификуван му е нов.
Повеќе >> a1on.mk