Генерал Стојанче Ангелов, в.д. директорот на Центарот за управување со кризи кој во јавноста е познат по тоа што може да скрши ќерамиди од глава, сега усоврши нова вештина. Ангелов веќе неколку месеци ја вежбал прецизноста на ракување со катана.
Во шоуто „Еден на Еден“ на Жаре, Стојанче се пофалил дека со катана може да исече јаболко и лубеница на два дела. За да ја покаже вештината, Ангелов за време на снимањето на емисијата му рекол на Жаре:
„Знаеш што ми текна? Наместо на маса, да пробам на тебе? Дали би имал храброст? Ти гарантирам дека нема многу да те исечам, евентуално стомакот два-три сантиметри“, му предложил Ангелов на авторот на шоуто. Првата негова идеја била да му стави јаболко на главата, за кое гарантирал дека прецизно ќе го исече.
Повеќе >> faktor.mk