Истрагата за случајот со заглавеното лице во Кратово нема да открие нешто што ние не го знаеме. Слабостите на целиот систем за управување со кризи се добро познати во Владата и една од причините зошто сум директор таму е за отстранување на овие затекнати слабости, вели Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи изминативе четири месеци.
„Центарот за управување со кризи како врховно координативно тело за решавање на кризи постои пред се да врши проценка на опасностите. Тотално нефункционалниот систем на ЦУК изгледа така што прво прави проценка, па превенција, па известување/тревога. Проблемот е што ЦУК и Дирекцијата за заштита и спасување вршат слични надлежности. Ние како институција се занимаваме со кризи од поголем обем, не за судбината на еден или двајца луѓе. Јас претпоставувам дека на крајот од истрагата нема да има индивидуална одговорност бидејќи се работи за системска слабост“, вели Ангелов.
Според него има доза на контроверзност самиот случај и прашува зошто лекарот не го третирал лицето внатре во куќата имајќи предвид дека се работело за тежок терен.
Повеќе >> Слободен Печат