Македонскиот активист од Словенија, Андреј Дочински, на носителот на владејачкиот СДСМ во првата изборна единица, министерот за надворешни работи Никола Димитров, не му го простува потписот на Преспанскиот договор.
„За тоa што г. Димитров гo направи на Македонија, во Словенија и другитe земји од ЕУ ќе добиешe затворска казна од 1 до 10 години и немаше дa настапува на ТВ…“, објави на Твитер претседателот на Синдикатот за здравство на Словенија и кандидат за европратеник од Словенечката народна странка (СНС) на ланските избори за Европскиот парламент.
Како поткрепа на својот твит, со кој реагира на тој од поранешната македонска министерка за култура Ганка Цветанова за некултурниот однос на Димитров кон Гордана Силјановска Давкова на ТВ-дуелот на Канал 5, Дочински го сподели и членот 350 од Кривичниот законик на Словенија. Во него се вели: „Државјанин на Република Словенија, кој ќе се обиде да ја стави во подреденост или зависност од друга држава, се казнува со затвор од една до десет години“.
За тоa што г. Димитров гo направи на Македонија, во Словенија и другитe земји од ЕУ ќе добиешe затворска казна од 1 до 10 години и немаше дa настапува на ТВ…#ThatsAFact #SimpleAsThat pic.twitter.com/lYHzwJVIhQ
— Andrej Dochinski ? (@AndrejDoch) June 25, 2020