Колумна на Агим Јонуз за vecer.mk
Си праам ја така муабет сам со себе како да земам бугарски пасош. Ама, онакво поголемо! Не дават на оние што не потпишуваат дека имаат бугарски корени и ‘‘филинг‘‘ кој вели дека ‘‘Бај Гањо‘‘ му е во срцето. Обаче! Реално, секоја земја има свои правни нормативи за тоа.
Ама ова што се случува е чисто и што е најстрашно експлицитно ебење у мозак. Уште пострашно е што се е на доброволна основа, па и ‘‘под рука ќе платиш‘‘ само да потпишеш дека си у суштина Бугар. Ех, бре македонче! Јебо те тај пасош.
Додека бугарите си играат со македонските национални чувства ‘‘ Џебен биљард‘‘, катарзата на мазохизмот на ниво на ‘‘ ех да ми е пасош‘‘ прави неповратна штета врз македонското национално ткиво. Бугарите направија формула која функционира беспрекорно а работи во нивна полза.
Прашањето е, дали бугарите не направија едно големо ‘‘национално купување‘‘, а со податокот кој вели дека регулативата за добивање бугарски пасош подразбира да потпишеш дека имаш бугарски корени и чувства? Ај ке потпише некој неписмен сељак, некој што нема друг излез. Второто прашање е колку писмени интелектуалци потпишале!?
Е, па срце мое, ако го даваш газот под кирија, имај во предвид дека тој што ти го зима не ти го зема газот за да го гледа, туку за да си го дупи како сака! Уште одозгора си го молел сам да му го дадеш, па и мито си дал на посредници. Кој е тука ненормален! Прашање на ден и потреба е кога бугарите ќе излезат со официјална листа на оние кои ‘‘пушеле за пасош‘‘! Простете на простаклакот. Мој стил де, не бегам од тоа дека сум прост!
Тогаш ќе се соочиме со уште поголем резил. На таа листа милион посто сум сигурен дека ке излезат имиња на многумина кои во оваа ‘‘ дупачка‘‘ со бугарите ја бранат македонштината во стилот на ‘‘ ко зеницу ока свога‘‘! Шах – Мат‘‘! Зошто бугарите не го направија тоа до сега!? Еве зошто. Затоа што гео стратешки во моментов не се потребни политички земјотреси од таков вид. Европа диктира! А, бугарите кај неа ‘‘го имаат дадено газот под кирија‘‘! Ти текнуе!?
Ако ме праша некој што и како си давам за право ја да му ја мислам за македонците и нивните резили, ке го кажам следново, иако знам дека некој што ја чита колумнава веќе ме тера ‘‘ у три пичке материне‘‘. Фала, молим! Не ме разубадувајте дека не сум у право.
Мојата социјална стабилност, државна, ваква, таква, си ја делам со македонците. Браќа ми се де, се секирам. Заедно јадеме леб и дишеме ист воздух ( преку маски).
Да ги оставиме македонците ( и македонските бугарчета) на страна, да ги оставиме бугарите, оние истите за кои бевме ‘‘ американци‘‘ за време Тито и им носевме ‘‘ чорапогашти‘‘, не заборавајки ја онаа фраза ‘‘ за две червени‘‘. Оние истите кои возеа ‘‘Жигули‘‘ додека ние се курчевме со Мерцедес, БМВ, Опел, и одевме у Бугарија ‘‘да дупиме нешто‘‘. Ма јебо те Тито и АВНОЈ, не ни чинеше.
Е!,.. сега дојде ред они да не гузат нас! Заслужено бе! Свака им част. Додека ние требаше да изградиме за овие триесет години држава што не може да ја скрши ни диносаурус, ние си игравме ‘‘сана-бана‘‘ со сопствената државна судбина. Живи мајмуни сме биле и ќе останеме, се додека нешто ептен сериозно не ни се случи. А после ќе биде касно.
Како може Македонија да се распадне како осушена кифла на маса, без да има импакт врз територијалниот интегритет? Еве како! Подвлекувам, ова е чиста хипотетика.
Станува едно рано сабајле Еди Рама, го префрлуе од лево на десно, и вика ‘‘ море, се што е албанско ткиво на балканот ќе му дам албански пасош‘‘! ‘‘ Што му ебеш матер, кад је бал нек је бал‘‘!Тврдам дека од седум до седумдесет и седум ќе земе пасош. Треба ли да елаборирам понатаму? Отиде јабана Македонија, без разлика што НАТО и ги чува границите! Ааа!?…
Никој нема да ја гиба територијата на Македонија, но таа дури тогаш ќе биде ‘‘фатаморгана држава‘‘ во која живеат граѓани на Македонија кои се натпреваруваат кој поголем шамар да и удри на сопствената грутка.
И татко ми да има бугарски пасош тоа нема да значи дека е бугарин, зошто син му ќе има албански пасош. Ќе се дојде до парадоксална ситуација. ‘‘Башта ми е Балгарин, обаче ас сам Шиптар‘‘ ќе биде ситуацијата. Ами, двамата сме си Македонци. Ма, клинац мој сте вие двамата! Вие сте морони! Таква историска јебачина само ние можеме да направиме, а со оглед на шареноликоста на демосот по своја етничка структура.
Каква национална стратегија градиме ако таа се базира исклучиво на прашањето дали Гоце Делчев е навистина убиен во село Баница или у кревет кај швалерката. Дали Скендербег кога кивал лисја од дрво паѓале. Се додека и албанската и македонската страна не направат здрав муабет и ги елиминираат национал-романтичарските вошки у главата нема здрава држава. Нема современ државен апарат. Нескршлив.
Можеби некој ќе рече дека идеализирам премногу, јадам бурек у стилот ‘‘ јас сум лојален граѓанин жими мајка‘‘, или ќе рече дека мрчам за да бидам интересен. Не! Чиста логика! Здрава држава не се гради вака. За здрава држава треба здрав народ.
Да!,.. да,.. не мислам само на македонците. И на шиптарите де!,…сви смо иста кашкајца.
Градиме нација!?!.. Градиме ташак мој! Како на плажа кога си играш со песок и тој ти се растура меѓу прсти, така и нам на сите меѓу прсти ни бега времето да се освестиме и сите обединиме ако сакаме здрава држава.
Кого бе да обединиш!? Ајвани!?… Да бе, ене, ќе ти објасни магарето што го обучувале.
Е, КАКО ДА НЕ ОБЕДИНАТ БЕ! …. така бе,.. има чизма, има стап, камшик,… нема друго чаре!
Македонијо мори,… од кал да си моја си! Остај ја што бамбурам….