Пратеникот Александар Кирацовски преку неговиот Адвокат Трајче Арсов поднесе тужба пред Основениот суд Скопје 2 Скопје против Доне Доневски управителот на правното лице Прва Република ДОО Скопје кој е сопственик на домеинот republika.mk, поради ширење на лаги и клевета на негова сметка.
Александар Кирацовски поднел тужба на 16.09.2019 година против Доне Доневски – управителот на Прва Република ДОО Скопје до Основениот суд Скопје 2 Скопје, поради изнесени клевети на 30.07.2019 год., во наслов „Кирацовски да каже колку зел рекет за „Стентон градба“ во Битола, прашува Душан Илиевски“, кој содржел невистинити тврдења за факти на сметка на Александар Кирацовски, со што ги повредил неговите лични права на чест и углед:
„-Кирацовски колку рекет му зеде на Стентон Градба во Битола. Кирацовски изврши притисок врз советниците на Општина Битола за да го легализираат овој неправно изграден објект кој е во сопственост на Стентон Градба.“
На порталот republika.mk денес е објавен текст со наслов „Оркестрираниот напад врз медиумите продолжува Кирацовси го тужи лично директорот на Република“, во кој се пожалија дека спрема нив се врши оркестриран напад и дека тоа било напад на медиумите.
Македонски Весник побара изјава од Адвокатот на Кирацовски, Трајче Арсов, во врска со тужбата и пишувањата на Република, кој ни одговори дека не станува збор за тужбата против медиум, ниту е тужена Прва Република или republika.mk, напротив тужбата била насочена спрема управителот на правното лице во чија сопственост е домеинот republika.mk, поради пишување и објава на содржина со невистинита содржина.
„Мојот клиент сака да стави крај со ширењето лажни вести против него, а во духот на модерните политичари од тужениот побарува надомест за повреда на чест и углед од само 1 денар, со што покажуваме дека со тужбата немаме цел да влијаеме на слободата на изразување, напротив тужителот да го заштити личниот интегритет и кредибилитет како човек пред се, а потоа и како политичар.
Со бараниот износ како надомест на штета сакаме да поставиме нов тренд во однесување кај политичарите, треба да покажат дека единствена цел поради која посегнуваат кон судска заштита е да го заштитат својот углед и достоинство, а не богатење на сметка на оној кој ја пречекорил слободата на изразување во едно демократско општество – Изјави Адвокат Трајче Арсов