Столчето резервирано за министерот за образование Арбр Адеми остана празно на почетокот од свеченоста за дипломирањето на првата генерација на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.
Така тој куртули од новинарските прашања во врска со скандалот кој изби на Државниот универзитет во Тетово и за заканите на кои се пожали инспекторот кој ги утврдил неправилностите. Вицепремиерот и негов сопартиец од редовите на ДУИ, Бујар Османи е категоричен – станува збор за шпекулации.
Ова беше кусиот одговор на Османи, по обвинувањата на опозицијата дека ДУИ го тероризира Државниот просветен инспекторат. Официјално и Владата не го коментира случајот, додека во меѓувреме инспекторатот се огради од наодите на инспекторот Ѓорѓи Илиевски, кој обзнани дека тројца државни функционери спротивно на законите се стекнале со научни звања. Сепак документацијата беше доволна за антикорупционерите да оформат предмет.
Министерот Адеми претходно во изјава се огради од случајот, префрлувајќи ја топката кај универзитетот. По инспекцискиот надзор, како што објави инспекторот Илиевски, било констатирано дека министерот Адеми, како и заминик министерот Агим Нухиу и директотот на заводот за индустриска сопственост, Сафет Емрули, се стекнале со наставно научни звања, додека нивните професорски позиции биле во мирување. По ова, инспекторот Илиевски преку писмо во јавноста тврдеше дека трпел закани и бил уценуван од неговата матична институција да не ги објавува податоците.
https://youtu.be/ZS6vTCQ9XL0