Oд естрада во Влада. Продолжува трендот ,комедијанти и естрадни уметници да бидат дел од првата гарнитура во владината зграда. Јавноста е збунета, дали изборот на нови кадри на Бихаќка блиски на светот на забавата се должи на недостаток на кадри во СДСМ или обид за политички маркетинг со кој ќе се купуваат поени во јавноста со помош на нивните естрадни кариери, пренесува Алфа.
На музичката сцена Како ехо одекна името на Кирил Колемишевски кој во јавноста е многу познат како член на бендот Нокаут. По професија е адвокат а сега треба да биде заменик министер за економија, на местото на Кире Наумов.
Во некои од песните на Нокаут идниот заменик министер упатува двосмислени пораки кои не се пресуден показател дали тој ќе биде добар менаџер на економонијата но значително го зголемуваат имиџот на владата како шоу бизнис група.
Во владата се и неколку други шоумени, комедијанти и забавувачи. Меѓу нив е добро познатиот водителот на фестивал и текстописец Ѓорѓи Калајџиев, кој од пишување текстови за песни стана надворешен советник на Зоран Заев.
Дали се сеќавате на популарниот актер и комичарот Љупчо Бубо Каров, во јавноста добро познат како Цацко од К-15?! Тој се повлече од јавноста како комичар но веќе две години е присутен како надворешен советник на Министерот за отчетност и транспарентност. Познатиот Цацко кој раскажуваше меѓу граѓаните е рсчиси непознат како советник но многумина напамет ја знаат неговата приказна за посетата на тито на кавадарди кога нашиот цацко добил ордени од маршалот.
Меѓу забавувачите нља широките народни маси во владата е и Цветанка Ласкова која долги години се пробиваше во македонската и белградската естрадата како соло изведувач, но славата ја доживеа со увозот на латиноамериканската серија Касандра.
Малку се зборува за резултатите од нејзиниот ангажман како специјален советник за култура на премиерот Зоран Заев. Многу повеќе се памети по нејзиниот стајлинг како пејачка но и по огромните пари што нејзината снаа ги доби од фондот за иновации на владата во која таа е советник.
Покрај домашните од владини пари живее уште еден странски функционер со искуство од естрадата. Зоран Башановиќ пак, е познат во соседната Србија, каде менаџираше пејачки кариери а српскиот претседател Вучиќ го обвини дека крадел долна облека во Америка.
Тимот на СДСМ се прошири и со Пи ар експертот писател и тренер за самопомош Коста Петров еден од авторите и на годинешната евровизиската песна која ја испеа Тамара.
Боки Тредичи Дуе такозвани потпретседник Коста Петров комуњариве се изгореа од еден педер сеа од овој ќе догорат @SDSMakedonija pic.twitter.com/PvKoTlE4op
— Џокеро Ботичи (@thajoker_MK) August 22, 2019