За време на Парадата на гордоста, учесниците и учесничките носат транспаренти со интересни пораки со политичка, најчесто иронична содржина, извикуваат познати слогани на движењето ЛГБТ и свират со свирчиња во ритам на тапаните од парадното возило.
Покрај задолжителните свирчиња и транспаренти, незаменливи се знамиња во боите на виножитото – симбол на Заедницата како и останати знамиња и симболи како грчката буква ламбда (ослободување), лабриса (лезбијска сила и лезбијска егзистенција), буквата Q (queer), знамиња и симболи на бисексуални, трансродови и интерсексуални лица, како и останатите движења што ја поддржуваат парадата – најчесто екозелени, феминистички, анархо-синдикални, мировни и антивоени и повеќето левичарски и либарални.
На премиерното издание на Скопскиот прајд се појави и министерката на одбрана Радмила Шекеринска и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Поддршка изрази и интерпарламентарна група на политички партии.
Роберт Алаѓозовски, поранешниот министер за култура, а сега национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка во Владата на Македонија е меѓу присутните на „Парадата на гордоста“.
Извор: novatv.mk