Мирка Велиновска, која нема одамна никакво влијание на политичката сцена, вчера на видео подкаст, пола Македонија ја ,,уби”, втората половина ќе ја бесела. Ќе кревала и револуции, пошто она од астал на кафана, 30 години крева као ,,револуции” и ја спасува Македонија од сите власти, а во суштина живее како бубрег во лој и не ни ја крие блискоста со куп политичари во минатото.
Меѓудругото, на речиси сите интелектуалци, кои нешто значат во земјава и оставиле општествен траг, им препиша дијагнози – ги прогласи за луди, ментални, шизофрени, шпиони, …нив и нивните семејства.
Само Никола Груевски и` чинел. Претпоставувам она и Груевски се единствените нормални, според неа, сé друго е ментално.
Говор на омраза, навреди, клевети и што не, имаше речиси 4 часа, но сето изговорено одеше во прилог на власта. Оноа со Латас и детено Лазаров, заради што попија кривични мислам, беше смешка споредено со гнасотиите на Мирка Велиновска.
Можеби токму поради пропагандистичкиот вокабулар во прилог на Бихаќка, денеска нема кривична од МВР, ниту пак предмет од ОЈО.
Да беше некој друг, пет комбиња ќе го собираа денеска.
Морам да признаам имаше и тешки смејурии, на пример како влегувала со акредитации и нешто као со нога во врата во Скотланд Јард, БНД, во ЦИА. И како она сите агенди им ги провалила, а меѓудругото сите наши кодоши ги знаела, пошто ете – на неа и` ги кажувале странските тајни служби.
Да не зборувам за делот за атентатот на Киро како одма во Лондон им отишла во Јард да и` кажат кој е организаторот.
И тука си реков – јбг, женава на 70 години баш никој не треба да ја апси, баш треба да ни ја остават да паѓаме од смеење, кога нема да има ништо на тв.
https://youtu.be/BQibPAojeQU?t=349