Пратеникот Љупчо Пренџов побара од вицепремиерот Артан Груби да и се извини на македонската јавност и да поднесе оставка за исвиркувањето на македонскиот јазик за време на „мировниот фестивал“ организиран по повод годишнината од Рамковниот договор.
„Добро утро на сите освен на Артан Груби.
Од Вицепремиерот задолжен за ништо во владата, очекувам до пладне да ѝ се извини на македонската јавност за исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата која тој ја организираше со народни пари.
Очекувам и комплетна информација за тоа кој свиркал, зошто свиркал и кој ги поткнал да го прават тоа
Во оваа држава даноци плаќаат и Македонци и Албанци, но и Турци, Власи, Роми, Срби…
Настани организирани со народни пари (од сите) кога ќе завршат на начин како овој деновиве, несомнено мора некој да сноси МОРАЛНА И ПОЛИТИЧКА ОДГОВОРНОСТ
Ајде Артане покажи ги твоите ЕУ вредности со тоа што ќе поднесеш оставка и ќе дадеш пример на твоите другарчиња од прославата која ТИ ја организираше, дека такви девијантни појави не смеат да се случуваат во “едно општество за сите”