Никој не може да гарантира колку време актуелната политичка гарнитура во Бугарија ќе се одржи на власт и какви следни барања од нас би можела да има некоја наредна, рече претседателот Стево Пендаровски во емисијата „Патот кон“ на Алсат.
– Околу можноста за внесување на Бугарите во Уставот, сите знаеме дека преговорите со ЕУ, во најдобра варијанта траат со години. Последниот пример со Хрватска траеше седум години. Секоја наредна држава која влегува во ЕУ, подолго преговара. Се да е идеално, нема човек кој што ќе ви каже дека сега може да се влезе за две три години. Малкумина се оние кои ќе ви потврдат дека владата на Петков може да издржи 7-8 години. До нашиот формален влез во ЕУ од кого да бараме такви гаранции? Политика е ова. Следната влада ќе рече – ова што потпишала претходната влада, биле предавници на нашата кауза, не нѐ интересира. И? Не можеме да го отвораме Уставот по потреба, секој понеделник“, вели Пендаровски.