По неколку месеци молк на политичката сцена, Зоран Заев објави видео од неговата посета на Грција, каде беше гостин на опозициската партија СИРИЗА. Во видеото, се пренесуваат коментарите на поранешниот премиер Алексис Ципрас во кои тој го фали Заев за договорот од Преспа со кој на Македонија и го сменија името.
Тука се Зоран Заев и Никос Коцијас, на кои им ја доделивме оваа битка и заедно се спротиставивме на сите притисоци за да ја исполниме нашата патриотска должност, вели Ципрас, по што следат сцени како Заев им се поклонува на делегатите на СИРИЗА.
Ти благодарам Алексис Ципрас, ти благодарам СИРИЗА. Да, така е, во време на криза, нашата патриотска должност е да ги поддржиме сите напори на прогресивните сили. Треба сите да се обединиме во интерес на мирот, солидарноста и стабилноста, вели Заев во неговата порака.
https://twitter.com/Zoran_Zaev/status/1514720794504577030