Бугарскиот активист од Штип Петар Колев објави видео снимки како не му дозволуваат да ја помине границата и да влезе во Македонија од Бугарија. Во време кога бугарските власти ја обвинуваат Македонија дека ги малтретира македонските Бугари, Колев вели дека ова токму еден таков пример.
Малку да те измалтретираат уште на граница. Царината и полицијата не ги дискриминираат и не ги тормозат по многу Бугарите во Македонија, онака по малку уште на самата граница, само 20-30 минути. Големата предност да си воспитаник на СУ на правен факултет, та да започнеме правна дискусија. Нема закон, нема член, нема документ, но не може да влезеш во државата!
Иако автомобилот кој е моја сопственост бил само 3 дена на територија на Македонија за последната 1 година, и покрај тоа што немам никаков прекршок, ниту царински, ниту кривичен, апсолутно никаков, не можело да влезам во Македонија. Се наложи да ја цитираме Истанбулската конвенција која е децидна и правилата за привремен увоз велат дека можеш за време од 6 месеци да престојуваш 3 месеци на територијата на РС Македонија со автомобил со странски регистерски табчички, започнавме да го чешламе и царинскиот законик и после целото малтретирање, стана јасно дека немаат правна основа да не ми дозволат влез и влегов во Македонија. Кога ова е моето искуство, несакам и да помислам каков е односот кон другите Бугари во Македонија, вели Колев.