Дипломатот Кристофер Хил, кој беше првиот нивен амбасадор во Македонија, денес пристигна во Србија како новоименуван амбасадор во Белград.
Се очекува дека доаѓањето на Хил ќе означи почеток на нова рунда притисоци врз Србија јасно да се определи за Западот, особено во контекст на војната во Украина. Хил беше главен помошник на дипломатот Ричард Холбрук, кој ги организираше американските дипломатски напори за запирање на војната во Босна и Хрватска, што заврши со бомбардирањето на Србија.
Откако беше амбасадор во Полска, Јужна Кореја и во хаотичниот Ирак, Хил се повлече од активната дипломатска служба и почна да предава во Колорадо, но со победата на Бајден на изборите, тој реши да се врати на Балканот. Во Србија доаѓа само неколку дена пред клучните избори во оваа земја.